Дала злато за да ја излекува – пријавена измама во кочанската полиција – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/22 3:49 PM

Дала злато за да ја излекува – пријавена измама во кочанската полиција

Во Полициската станица Кочани, 35-годишна жителка на кочанско село пријавила дека на 24.01.2022 околу 17.00 часот, кај Градскиот базен  во Штип, била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, таа била доведена во заблуда дека лицето може да ја излекува доколку ѝ даде златен накит. Пријавителката ѝ дала златен накит, но откако не можела да стапи во контакт со лицето, сфатила дека била измамена.

Од полицискиот билтен и пријава за подметнување на фалсификувани сто евра.

На 26.01.2022 во 13.40 часот во СВР Штип, А.П.(37) од Штип пријавил дека на 25.01.2022 околу 05.56 часот на бензинска пумпа во населбата „Баби“ во Штип,  едно лице пуштило во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Од страна на полициски службеници фалсификуваната банкнота била одземена и предадена на вештачење, соопштија од СВР Штип.

Се работи на расчистување на двата случаи.