Штипската противпожарна единица доби нов овластен командир – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/22 3:10 PM

Штипската противпожарна единица доби нов овластен командир

Без повисока плата и привилегии пожарникар кој и досега работел во штипската противпожарна единица доби овластување да биде одговорно лице се додека не се избере нов командир.

Доскорешниот командир Тони Атанасов, по дисциплинска постапка против него кон крајот на минатата година, пред некој ден беше распределен на ново работно место – курир во општината.

– Новиот командир со овластување, Дарко Коцев, ќе има можност да ја извршува должноста се додека на оглас не се избере нов командир со мандат. Во постапка сме на распишување на оглас за избор на командир на противпожарната едница. Доколку ги исполнува условите ќе може да конкурира за командат, рече Јорданов коментирајќи дека досегашниот командир пред да биде поставен на позицијата бил вработен во Општина Штип, па така го вратиле во работен однос во локалната самоуправа.

На новинарско прашање по кој критериум е избрано новото лице кое е овластено да ја врши должноста на командирот, Јорданов рече дека според Законот за пожарникарство има точно утврдени критериуми согласно кои треба да се избере комантир на ТППЕ.

Ваквите критериуми Јорданов потенцира дека поранешниот командир ги немал.

Градоначалникот критикуваше дека во штипската противпожарна единица имало долгогодишно неодговорно работење – несервисирани возила и руинирани, неодржуванипростории, но на нашето прашање за колку време се работи, тој не одговори конкретно.

– Не велам дека само во времето на СДСМ таму се руинирани условите. Моја задача ќе биде да ги подобриме условите, па во насока на тоа е набавено противпожарно возило и опрема за пожарникарите. Работиме исто така на проект за целосна реконструкција на просториите во оваа едница, зголемување на опремата и комплетно сервисирање на уредите и возилата, рече Јорданов и потенцира дека од новиот командир со овластување побарал да се подобрат условите и да се работи одговорно според кодексите за однесување и работење.