Во 2021 година тетовската полиција забележала 289 нарушувања на јавниот ред и мир во градот и околните рурални општини, што е зголемување во споредба со 2020 година кога имало 271 такви случаи. Во овие 289 нарушувања биле инволвирани 422 сторители, бележи одделот за аналитика при СВР Тетово.
-Најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени со изготвување на 319 барања за прекршочна постапка. Повеќе од половината се случиле во градот, со поединечно учество на сторителите, а далеку помалку биле со учество на две, три и повеќе лица. Меѓу сторителите најбројни се машките лица, претежно на возраст над 25 години, а евидентирани се и сторители-малолетници“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По вид и карактер, повторно најзастапени се физичките напади со вкупна бројка од 126, потоа имало 29 тепачки, како и 25 прекршоци за навредување и омаловажување на овластени службени лица 25.
МИА