Вчера во Хрватска се одржаа Денови на музиката, каде награди во свои категории понесоа и Петар Грашо и Тончи Хуљиќ. Новинарите го искористија моментот да ги запрашаат како се чувствуваат во новите улоги што ги очекуваат, улогите на татко и дедо.
“Не ми кажувај ништо, ги гледам тие слики и слично. Постојано зборував – сакате ли да ме направите дедо? Кога дојде тој момент за дедо ме фати мала паника. Јас сум човек кој секогаш планира на долги патеки. Па, што сега кога ќе станеш дедо? Сега само чекам – прадедо“, објасни Хуљиќ.
„Ми требаше време, како и веројатно на секој маж, да станам свесен за себе и за таа прекрасна информација и сега живееме во слатко исчекување. Кога ќе ја затвориме вратата од нашата куќа, живееме како сите нормални семејства кои чекаат принова.
Грашо имаше подготвен одговор и на темата за менување пелени: „Мислам дека има и други членови од ова семејство кои треба да прогуглаат како се прави тоа“.
Извор: https://dnevnik.hr/