Многу сакам да почне учебната година , но новиот сој може да ја одложи, рече министерот Шаќири – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/22 1:24 PM

Многу сакам да почне учебната година , но новиот сој може да ја одложи, рече министерот Шаќири

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека во текот на неделава владата на седница заедно со Кризниот штаб како и Комисијата за заразни болести, ќе одлучи дали учебната година ќе започне на 1 февруари или ќе се одложи за понатака.

Моја желба, но и желба на сите деца е учебната година да започне како што беше и првично одлучено на 1 февруари, но се ќе беше полесно ако го немавме новиот сој. Со претходните соеви, искуството покажа дека со почитување на препораките и мерките, наставата со физичко присуство се одвива без последици по здравјето на децата.

-Сите знаеме дека изјавите на Уницеф се за настава со физичко присуство и ние сме свесни за придобивките кои ги имаме со физичко присуство. Во учебната година имавме мал број на заразени, но ќе беше полесно да донесеме сега одлука ако ја имавме истата варијанта, како што беше во септември. Но сега имаме нова варијанта, но и сега не значи дека почетокот на учебната година со физичко присуство ќе го зголеми бројот. Ако ги почитуваме мерките, можеме да имаме нормален образовен процес.Ако биде со физичко приство, ако така се одлучи, ќе бидеме во секојдневна комуникација со директорите на училиштата.Градинките фунцкионираат и се во добра состојба. Но, за училиштата ќе имаме конечна одлука на крајот од неделава.Периодов заради патувањето во Бугарија немавме редовна седница на влада, рече Јетон Шаќири Министер за образование и наука.

Министерот денес беше во посета на Универзитетот во Тетово, од каде најави доградба на студентскиот дом во склоп на оваа образовна инстутиција. Недостасуваат средства за да се заврши овој проект, но очекуваме дополнителни средства со ребаланс на буџетот, додаде Шаќири.

Зоран Димовски