Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ отпатува на Малдиви за да се одмори и да ги наполни батериите. Таа веднаш се пофали со амбиентот во кој ќе ужива во наредните денови, а сега ги изненади своите придружници со фотографии во бикини.
Таа на својот Инстаграм профил објави слики на кои позира во магичната природа на овој остров, во зелен дводелен костим за капење кој го открива нејзиното згодно тело.
Она што сите веднаш го забележаа е дека Цеца на 48 години нема ни тронка вишок на стомакот и колковите, а нозете и се беспрекорни на што би позавиделе многу помлади девојки.
„Каков убав и сончев ден денес – Малдиви – рај на земјата и безгрижно патување“, напиша Цеца во описот на фотографиите, а нејзините придружници споделија бројни коментари, а некои дури помислија дека тоа е нејзината ќерка Анастасија.
„Ова е Цеца или Анастасија“, „Гориш жено“, „Цеки како девојче“, „Секој чест на градбата“, се само дел од коментарите на пејачката примени.
Извор: Мондо.рс