Пензионер од Охрид со фалсификувани евра плаќал во банка – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/22 4:45 PM

Пензионер од Охрид со фалсификувани евра плаќал во банка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.У.(70) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 19-ти овој месец пријавениот во банка се обидел да пушти во оптек лажна банкнота од 50 евра, за која со вештачење од Дирекцијата за трезорско работење при Народната банка било потврдено дека e фалсификат.