Во Словенија во последното деноноќие се регистрирани рекордни 13.911 заразени лица, што е речиси 75,5 отсто од направените 18.428 ПЦР тестирања, па владата се уште не размислува за попуштање на мерките.
И покрај огромниот број на заразени, бројот на хоспитализирани сепак е стабилен, но ваквата висока присутност на вирусот низ популацијата би можела да направи притисок врз одделите за интензивна нега во болниците.
Инфектологот Матеја Логар, која ја води владината експертска група за ковид, вели дека не се размислува за попуштање на мерките, туку за стратегија за излез од ситуацијата.
Освен ПЦР тестовите во последното деноноќие, направени се и преку 73 илјади брзи антигенски тестови чиј резултат се уште не е објавен бидејќи позитивните резултати треба да се потврдат со ПЦР тест.
Четиринаесетдневната инциденца на заразени на сто илјади жители изнаесува 5335.
Во болниците има 608 ковид пациенти, а 135 од нив се на интензивните оддели. Во последните 24 часа починале 17 лица.
извор:Н1