Штипските извидници ги повикаа хуманите луѓе за донации за операција на млад сограѓанин – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 7:50 PM

Штипските извидници ги повикаа хуманите луѓе за донации за операција на млад сограѓанин

Извидничкиот одред „Еквинокс“ ги повика штипјани да ја покажат својата хуманост и помогнат во лекувањето на Никола Тимов, кој ноќеска со пневмонија, итно е пренесен на Скопје.

-Нашиот сограѓанин Никола Тимов во текот на ноќта имаше здравствени компликации со белите дробови (бронхопнеумонија) и е итно испратен во Скопје кадешто му претстои тешка операција. Заради тоа се јавува проблем за обезбедување на финансии кои во понеделник треба да бидат уплатени. Ние бевме контактирани доколку можеме некако да помогнеме, па ве замолуваме доколку сте во можност да донирате колку што можете и сите заедно да направиме едно добро дело. Во текот на утрешниот ден (недела) од 10:00 до 18:00 часот нашите простории во Дом на млади ќе бидат отворени за донации за оние кои сакаат и можат да донираат, соопштија од Извидничкиот одред, од каде споделија и повеќе информации за донирање преку сметка.
Апел до хуманите луѓе за помош на Никола упатија и од Навивачкиот клуб „Фаланга„, чиј член е болното момче.