За животот на Аки Рахимовски цел час се бореле лекарите – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 5:30 PM

За животот на Аки Рахимовски цел час се бореле лекарите

Иако официјално не е соопштена причината за смртта на легендарниот пејач Аки Рахимовски, се споменува дека претходно имал здравствени проблеми, а пред некој ден му биле вградени стентови.
Во април 2018 година, Аки имаше мозочен удар, кога концертните активности на бендот беа откажани на одредено време.
Пред неколку дена Аки беше хоспитализиран во болницата каде што помина неколку дена. Му биле вградени стентови, а на членовите на бендот кои дошле да го посетат им рекол дека се чувствува добро. Тој требаше да замине во Пула на рехабилитација, каде што веќе беше по мозочниот удар. Во Словенија се вратил со сопругата и двегодишната ќерка, но судбината сакала поинаку. Лекарите наводно го спасувале цел час, пишуваат хрватските медиуми.
Во изјава за Слободна Далмација, менаџерот на Аки, Дамир Осредечек, потврдил дека пејачот прележал и Ковид.
„На Аки утрото ненадејно му се слошило, веднаш го однеле во болницата во Ново Место каде живеел со сопругата и двегодишната ќерка. За жал, набрзо починал. Сè уште не знаеме што точно се случило, не ни кажаа, но претпоставуваме дека е срцето. Тој деновиве се чувствува прилично лошо. Имаше проблеми и со ‘рбетот, поради што Парни Ваљак ги одложи концертите. Покрај тоа, тој неодамна прележа Ковид, а во срцето му беа вградени шест стентови. Сето ова си го направи своето, за жал“, вели Дамир, пишува Слободна Далмација.

Аки последните години живееше во Словенија со Словенката Барбара Весел, со која ја има двегодишната Антонија.

Својот приватен живот го држеше подалеку од очите на јавноста со години и секогаш јасно кажуваше дека така треба да остане.

-Приватниот живот треба да остане приватен… Парите не се важни. Најважно е семејството. Кога сум со моите внуци, сфаќам што е најважно на светот. Не се парите, тоа се семејството”, изјавил Аки. 

Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст, а неговата смрт шокираше многу фанови.