Охридскиот градоначалник е во изолација додека за ДСЗИ е спорно зошто не се изолирал кога се тестирал – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 3:45 PM

Охридскиот градоначалник е во изолација додека за ДСЗИ е спорно зошто не се изолирал кога се тестирал

По еден позитивен тест од вечерта на 19 јануари и вториот негативен од 21 јануари, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков е во изолација до 28 јануари. Пецаков сепак, додека да го добие резултатот од ПЦР тестото, бил на обележувањето на Водици, каде беше заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, граѓани со пратеници, со евроамбасадорот, Дејвид Гир, а се поздравил и со неколку десетици други луѓе. Пецаков, како што изјави, немал симптоми и тестот го направил за патување во Бугарија, во Банско.

Сепак, овој момент е спорен за Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој се повикува на владината Уредба од 22 април 2020 година, каде стои дека секој што се тестирал се задолжува со самоизолација додека се чека резултатот од тестирањето.

-Самоизолацијата преминува во домашна изолација, регулирана со решение од ДСЗИ, во оној момент кога лицето добива позитивен тест. Како гледате на тој момент, што на тој настан, присуствуваа илјадници граѓани? Тој дури имаше и средба со доста граѓани, функционери, амбасадори? Не можам да го коментирам. Тоа е неговото однесување. Јас само можам да ја образложам уредбата на Влада“, изјави директорката на ДСЗИ за АлсатМ.

Пецаков не отпатува за Бугарија, но останува прашањето за потенцијалната опасност од инфицирање за луѓето кои биле во негова близина и тие што контактирале тој ден со него.