Европа се бори со ковид, се шири и подваријанта на сојот омикрон – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/22 1:00 PM

Европа се бори со ковид, се шири и подваријанта на сојот омикрон

На северот на Европа веќе забрзано се шири подваријанта на сојот на ковид омикрон, а истата е утврдена и во Австрија. Подваријанта „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот сој „БА.1“ и стана доминантна.

Засега за оваа подваријанта на сојот омикрон не се знае многу, но австрискиот генетичар Урлих Елинг за АПА вели дека мутацијата покажува дека само широко поставен имун одговор може да води кон ендемија.

Од основниот сој омикрон оваа подваријанта се разликува по 18 спајк протеини.

Се претпоставува дека би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со прележување или со примена вакцина.

Појавувањето и ширењето на подваријантата би можело да доведе до двоен удар, но австрискиот генетичар вели дека оние кои веќе се заразиле со омикрон не би требало да стравуваат за подваријантата.

Инаку во Германија има повторно рекорден број на новозаразени. Во последните 24 часа регистрирани се 140.160 нови случаи на ковид, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Во Унгарија во последното деноноќие регистрирани 15.957 нови случаи на ковид, а како последица од вирусот починати се 65 лица. Епидемиолозите велат дека омикрон се шири многу брзо и ги сочинува повеќе од 90 отсто од сите инфекции. Овде повеќе од шест милиони од граѓаните имаат примено две дози, а 3,5 отсто од населението има примено и трета доза.

Австрискиот парламент пак, усвои закон за спроведување на ковид мерките, кој предвидува остри казни за нивното непочитување. Општинските власти со овој закон добија можност да затворат некое правно лице доколку претходно во три наврати било утврдено кршење на епидемиолошките мерки. За затварање не е потребно да се покрене постапка, туку може да се примени одма на една недела. Оваа мерка се верува дека најмногу ќе ги погоди угостителите.

Во Русија во последното деноноќие има повеќе од 49 илјади нови случаи, што е исто најголем број од почетокот на пандемијата. Најголем дел од новозаразените се во Москва.

 

извор:ртв