Во ковид – центрите во болниците во државава во моментот се лекуваат 512 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од нив, 177 се во ковид ентрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови, информираа за МИА од МЗ.
Според дневната евиденција, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од ковид-19, а модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.
Објавено на: 01/21/22 12:18 PM