Хрватската пејачка Северина повторно го покажа своето извајано тело и тоа во петтата деценија од животот. На својот Инстаграм профил Северина сподели фотографија поради која сите дефинитивно ќе ги оставиме слатките и ќе одиме во теретана. Фотографијата има преку 45.000 лајкови.
„Срцето ми запре“, напишала Ела Дворник за изгледот на Северина.
Во описот на фотографијата Северина напишала „Вовед во анатомија“, а еден од фановите се пошегувал и додал: „Ги молам луѓето со слабо срце да не гледаат Вовед во анатомија“.
Една корисничка додала: „Уф, ништо поубаво од убава жена…и како што реков… дајте ми ги сите нејзини бракови, гревови, но и нозе“.
Актерката Христина Поповиќ се пошегува и напиша: „У, да ти е…и јас сум иста таква, само не се гледа“.
Реално, Северина е вонсериска убавица која го третира своето тело како храм и често тоа го докажува. Таман ќе помислите дека не може веќе да жари и пали, Северина го докажува спротивното.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Извор: Nova.rs
Фото: rtl.hr