Огледалата и стаклата се предизвик за чистење поради отсјајот на светлината. Па, секое движење со ткаенина и прескокнато место, може да се види на двете страни од површините. Секому му се случило по миењето на прозорците, на стаклото да останат бели дамки и траги кои покажуваат дека не билo темелно исчистенo.
Сите користиме специјални ткаенини за бришење прозорци и хемиски течности. Но, сепак постои и друг начин со кој се постигнуваат подобри резултати и со кои подолго се одржуваат стаклата чисти.
Секогаш мијте ги прозорците кога е облачно, но не и да врне. Сончевото време ги суши стаклата пред да успеете да ги исполирате, поради што остануваат бели дамки.
Направете си сами средство за чистење прозорци. Се што ви треба е вода и алкохолен оцет, а ќе добиете производ кој сигурно нема да остави траги.
Земете шише со распрскувач и во него измешајте во размер 50:50 дестилирана вода и оцет. Ако прозорците се многу валкани, додадете една или две лажички сода бикарбона во растворот.
Пред да го прснете средството, прво избришете ги прозорците со сунѓер натопен во вода за да ги отстраните покрупните слоеви на нечистотија и прашина. Се препорачува дестилирана вода, бидејќи обичната вода од градскиот водовод, е полна со бигор што прави бели дамки на стаклата.
На крајот, останува добро да ги исполирате прозорците со соодветна крпа, т.е. крпа за полирање. Многу луѓе практикуваат хартиени крпи, што не се препорачува бидејќи оставаат траги, исто како и памучните. Најдобро би било да користите крпа од микрофибер, т.н. волшебна, или да се користи стар трик, стар весник.
извор: Kurir.rs