Три забрани за работа во недела изречени во еден ден – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/22 9:06 AM

Три забрани за работа во недела изречени во еден ден

Државниот инспекторат за труд минатата недела изрече една забрана за работа на работодавач поради непријавена работа во недела, додека при контролите изминатата недела (16.01.2022), напишани се уште три вакви казни. Според одредбите од Законот за работни односи и Законот за трговија,  на16.01.2022 година извршени се вкупно 47 вонредни инспекциски надзори на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори.

-При инспекциските надзори утврдени се неправилности кај 10 работодавачи, при што кај седум работодавачи за утврдената неправилност по различни основи е донесена инспекциска мерка опомена, а кај тројца работодавачи е изречена инспекциска мерка решение за забрана за вршење на работа согласно чл.50-а ст.3 од Законот за трговија, кога кај работодавачот работи работник во ден недела спротивно на закон“, соопшти ДИТ.

Контролите продолжуваат, додека од страна на Стопанската комора на Македонија до Уставниот суд е поднесена иницијатива за оценување на законскиот дел, кој го регулира работењето во недела. Членките на оваа комора сметаат дека неделата како неработен ден треба да биде регулирано со договор меѓу работодавачот и работниците, а не со закон.