Од денеска казни од 50 евра за сите невакцинирани над 60 години во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/22 10:14 AM

Од денеска казни од 50 евра за сите невакцинирани над 60 години во Грција

Од денеска (17.1) почнува постапката за изрекување глоби за оние над 60 години кои остануваат невакцинирани. Според информациите, од околу 300.000 граѓани ќе треба да платат по 50 евра за јануари, додека за секој месец што ќе помине и ќе остане невакцинирани, казната ќе изнесува 100 евра.

Повикувајќи се на владини извори, Атинската агенција објави дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години веќе се вакцинирани или закажале термин. Истите извори забележаа дека благодарение на одлуката за задолжителна вакцина за грчките граѓани над 60 години возраст, процентот на вакцинирани во оваа возрасна група, која припаѓа на најранливите, е зголемен за речиси 10 процентни поени.