Рекордно низок наталитет во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/22 10:10 AM

Рекордно низок наталитет во Кина

Стапката на наталитет во Кина лани била на рекордно ниско ниво од 7,52 на 1.000 луѓе, покажаа податоците на Националното биро за статистика. Ова значи забрзување на надолниот тренд поради кој Пекинг минатата година им дозволи на двојките да имаат до три деца.
Кина ја укина својата повеќедецениска политика за едно дете во 2016 година, заменувајќи ја со ограничување на две деца со цел да се обиде да се спротивстави на брзото стареење на населението, но многу двојкие не сакаат да имаат повеќе деца поради високите трошоци за урбан живот.
Стапката на наталитет беше најниска од 1949 година, кога Заводот за статистика почна да ги собира податоците.
Природната стапка на раст на населението во Кина изнесуваше само 0,034 отсто во 2021 година, што е најниска од 1960 година.
Податоците покажуваат дека во 2021 година имало 10,62 милиони новородени, во споредба со 12 милиони во 2020 година. Стапката на наталитет во 2020 година изнесувала 8,52 родени на 1.000 жители.