Четири часа стоеја заглавени возилата на Попова Шапка, Касами најавува жичара од Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/22 9:02 AM

Четири часа стоеја заглавени возилата на Попова Шапка, Касами најавува жичара од Тетово

Со часови посетителите на Попова Шапка се обидуваа да пристапат до преполнетиот паркинг додека километарска колона попладнето се обидуваше да фати пат кон Тетово. Бројни апели се напишани по социјалните мрежи, додека обвинувањата за сообраќајниот хаос се упатени кон директорот на „Елем Турс“, Адем Авзиу. Граѓаните реагираат дека ова се повторува секоја година, секој викенд. Попладнето се огласи и градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

-Загрижен поради сообраќајниот хаос во Попова Шапка, особено за време на викендите, немањето паркинзи, ве известувам дека како градоначалник на Тетово, заедно со мојот тим, ќе се залагаме да ги направиме сите дејствија во рамките на институцијата што ја водам за решавање на овој проблем. Во рамките на решавање на овие проблеми е предвидена и реконструкција на градската жичарница, нашиот симбол „Тетово – Попова Шапка“. Затоа ги повикувам на соработка институциите на централната власт, граѓанскиот сектор и другите за правилно изготвување на деталниот урбанистички план. Исто така како дел од планот за 2022 година е предвиден и изградба на една катна паркинг гаража во Попова Шапка со што би имале над 900 паркинг места, напиша Касами.