За кокаин снегулка, за екстази црвено срце – Дрогата ја нарекувале со романтични имиња, ДЕА го откри сликовниот јазик на нарко мафијата – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/22 9:32 AM

За кокаин снегулка, за екстази црвено срце – Дрогата ја нарекувале со романтични имиња, ДЕА го откри сликовниот јазик на нарко мафијата

Американската ДЕА го дешифрираше тајниот сликовен јазик во комуникацијата на нарко-клановите во светот и на Балканот. Тој јазик го користеле и поглаварите на српскиот огранок на „кавачкиот клан“, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.
Дрогата со која тргувале ја нарекле со романтични и нежни имиња, се најнови откритија на истражните органи. Кланот на Веља Невоља, на чело со шефот на „Кавчан“, Радоје Звичер, конзумирал дрога во големи количини и ја дистрибуирал низ цела Србија, но и низ Европа, а нивниот омилен бел прав од кокаин се нарекувал снегулки, а со срце е бележено црвеното екстази.

До ова сознание ДЕА дошла преку долгорочна истрага за активностите на кланови од Америка кон Европа и направи извештај за тоа.
Меѓу дешифрираните симболи има голем број на емотикони, односно смајли, кои главно го симболизираат влијанието на видот на дрогата врз расположението. Така, кокаинот претставува емотикон на снегулка, снешко, клуч или риба, додека илустрацијата за хероин е кафено срце или зелена змија.

– Дирекцијата за борба против дрога е свесна дека организациите за шверц на дрога користат емотикони за купување и продавање апчиња без рецепт и други недозволени дроги на социјалните мрежи и преку е-трговија – објаснуваат авторите на водичот.

Се наведува дека за метадон се користи емотикон сино срце, кристал или епрувета. Исто така, МДМА (екстази) се означува со црвено срце, со знакот икс (Х, пилула или бонбона. Американската Администрација за борба против дроги (ДЕА) предупредува дека универзалниот знак за дрога е црвениот лист.

Извор: www.srbijadanas.com