Ако сакате да го зајакнете имунитетот, јадете мандарини, советуваат експертите! Ова овошје со слатко-кисел вкус е идеално за зимскиот период кога настинките демнат на сите страни, бидејќи само 100 грама содржат дури 30 милиграми витамин Ц.
- Го зајакнува имунитетот
Сто грама мандарини содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалите. Затоа ова овошје се препорачува за време на студените денови, бидејќи го штити организмот од настинки и го зајакнува имунитетот.
- Добро за слабеење
Цитрусите одлично делуваат на варењето, а во оваа група на намирници се издвојуваат мандарините. Содржат фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3, а богати се и со растителни влакна. Две мали мандарини имаат околу 50 калории, па се одлични за слабеење.
– Со оглед на тоа што содржат значаен извор на влакна, ја намалуваат желбата и потребата за храна. Сепак, не претерувајте, бидејќи ако изедете повеќе од седум мандарини, шеќерот во крвта може да се зголеми, а премногу фруктоза може да доведе до контра-ефект – велат експертите.
И не е невообичаено луѓето да се здебелат само затоа што мислат дека нема да се здебелат ако јадат овошје.
- Го чува срцето
Мандарината е добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Антиоксидансите содржани во мандарината помагаат да се намали лошиот холестерол и да се промовира добриот холестерол.
- Ја подмладува кожата
Со изобилство на витамини, мандарината е одлично средство за нега на лицето. Со разградувањето на бета-каротенот се ослободува витаминот А, кој е одговорен за униформа на тенот, а витаминот Ц го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за намалување на брчките. За поздрава и посјајна кожа можете да направите и маска за лице од мандарини. Земете четири кришки мандарина, извадете ги семките и измешајте во блендер со лажица јогурт и лажица мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Измијте го лицето, а потоа нанесете ја кремата што вообичаено ја користите.
- Го подобрува расположението
Верувале или не, мандарините можат да го подобрат вашето расположение, тврдат експертите од клиниката Мајо. Мирисот на мандарина помага при стрес и депресија, а доколку сте имале стресен ден, доволно е да капнете неколку капки од етеричното масло од ова овошје во топла купка.
Извор: Информер.рс