Актерот Џејсон Момоа стекна светска слава како владетелот на Дотра, кој се ожени со мајката на змејовите Денерис Таргариен во серијата „Игра на тронови“, а на социјалните мрежи објави дека се разведува од сопругата Лиза Бонет.
Љубовната приказна на Аквамен и 12-години постарата актерка започнала кога тој имал 8 години и ја видел во ТВ серија. Потоа и рекол на мајка си: „Јас ја сакам“, а потоа, неколку децении подоцна, со неа има две деца.
Момоа и Лиза сега во заедничка изјава открија дека се разведуваат.
„Сите го почувствувавме притисокот и промените што ги носат овие времиња. Револуцијата се случува и во нашето семејство – чувствата и растот за време на овие сеизмички промени се случуваат. Споделуваме со вас дека се разведуваме. Не објавуваме ова затоа што мислиме дека е ново, туку да продолжиме со почит и искреност. Љубовта меѓу нас продолжува, еволуира. Се пуштаме еден со друг за да дозволиме да бидеме тоа што ќе станеме. Нека преовладува љубовта, Џејсон и Лиза.
Извор: Мондо.рс