Македонската Влада одлучи да додели финансиска помош на компаниите кои ги греат скопјани со топлинска енергија и со пет милиони евра ќе ја субвенционираат разликата во цената. 80 отсто од тие пари, ќе заминат ка „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Групацијата БЕГ во својот состав има 3 компании и секоја од нив има посебна лиценца – за производство, за дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија.
Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги објави финансиските резултати на оваа групација за периодот 2016-2020 година:
ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ: ДОБИВКА/ЗАГУБА ПО ГОДИНИ
(Во евра)
ГОДИНА | ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП ДООЕЛ | ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ | СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ |
2020 | + 1.567.740 | + 655.161 | – 531.564 |
2019 | – 601.998 | -2.186.286 | – 296.705 |
2018 | – 2.260.272 | – 489.809 | + 768.885 |
2017 | – 880.000 | +1.005.849 | +808.830 |
2016 | +2.121.527 | +1.451.380 | + 113.946 |
Кумулативно | – 53.003 | + 436.295 | + 863.392 |
Од финансиските резултати може да се види дека за 5 години, компанијата што се занимава со производство остварила кумулативна загуба од околу 53.000 евра, но компаниите за дистрибуција и за снабдување заедно донеле кумулативна добивка од околу 1,3 милиони евра.
Инаку, покрај овие три компании во рамките на БЕГ групацијата постои и компанијата „Балкан енерџи секјурити“ ДООЕЛ Скопје која е наменета за обезбедување на енергетски капацитети.
„Балкан енерџи груп“ е сестринска фирма на Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, кое поседува и управува со постројка со среден годишен капацитет од 220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија. Со контраверзии во јавноста беше дочекана владината одлука во 2019 година, финансиски да се поддржи оваа компанија.
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-otkriva-kolku-beg-zarabotuvase/
Извор: pari.com.mk