Канадски политичар се најде на удар на јавноста откако објави навидум безопасна фотографија од неговата сопруга како го чисти снегот на нивниот пат пред домот. На 8 јануари, Џон Рејес објави на Твитер фотографија од неговата сопруга Синтија, на која се гледа како таа чисти длабок снег пред нивната куќа.
„И по 12-часовната ноќна смена во болницата, мојата сопруга се уште има сила да го исчисти снегот пред куќа. Господ да ја благослови неа и сите работници на првата линија. Време е да и го подготвиме појадокот“, напиша Рејес.
Even after a 12 hour night shift at the hospital last night, my wife still has the energy to shovel the driveway. God bless her and all our frontliners. Time to make her some breakfast. 🙏🏽 pic.twitter.com/91vahySLqO
— Jon Reyes (@jonreyes204) January 8, 2022
Објавата привлече големо внимание. Повеќето корисници на Твитер го нападнаа политичарот зошто самиот не го исчистил влезот пред домот.
-Зошто не го направи ти тоа? – прашал еден корисник, пренесува Independent.
Други напишаа дека Рејес можел да го исчисти снегот додека неговата сопруга била на работа.
-Бевте будни во 2:45 и гледавте тенис, додека вашата сопруга работеше 12-часовна смена во болница за време на пандемијата – напиша друг корисник заедно со фотографија од твитот што Рејес го објави истиот ден за време на тенискиот натпревар. Имаше и такви кои коментираа дека Рејес само сакал да покаже колку се грижи за својата сопруга.
извор: Telegraf.rs