Видеолотарија Касинос Австрија во пресрет на ЕП во ракомет во Унгарија, со задоволство соопштува дека ја продолжува соработката со еден од најголемите спортисти во историјата на Македонија. Најдобриот ракометен десен бек на светот и актуелен селектор на македонската ракометна федерација, Кирил Лазаров и годинава ќе биде бренд амбасадор на Видеолотарија.
Ликот на Кире Лазаров и неговиот професионален пристап кон спортот е симбол на тоа каков однос и ние сакаме да негуваме кон спортот и каква посвета и сериозност треба да има секој во она што го работи. Токму и затоа, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува соработката со него како наш бренд амбасадор и во текот на оваа 2022.
„Секој што се посветува на спортот и што вложува во него, заслужува почит и е за поздравување, бидејќи спортот е неизбежен и важен дел од нашето живеење. Јас откако знам за себе тоа е мојот начин на живот и затоа им препорачувам, пред сè на младите да се занимаваат, макар рекреативно или, ако ништо друго, да следат спорт. Спортот е пред сè забава, но нè учи и на дисциплина и на одговорност, а тоа се вредностите кои ги промовираат и моите партнери, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија“, истакна Лазаров.
Лазаров во улога на селектор на македонската репрезентација, ќе ја предводи нашата екипа на Европското првенство во ракомет. Првиот мечот тимот на Лазаров ќе го игра против Словенија на 13. јануари во Дебрецин во 18 часот.
Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно“, Видеолотарија го гради идентитетот на корпоративниот бренд кој се темели на сигурност, контрола, квалитет и безбедност во светот на игрите на среќа. Како модерна и одговорна компанија ќе продолжиме да ги негуваме заложбите за поддршка на спортот, во насока на поттикнување младите да го изберат спортот како свој личен и професионален предизвик.
Видеолотарија Касинос Австријавести, ма