„Да не сте се осмелиле да го депортирате“ – Судијата во одбрана на Новак Ѓоковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/22 9:56 AM

„Да не сте се осмелиле да го депортирате“ – Судијата во одбрана на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ победи во случајот против владата на Австралија откако со пресуда беше укината одлуката за поништување на визата. Српскиот тенисер ќе биде пуштен на слобода и ќе му ги вратат сите работи кои му беа одземени.

Иако судијата пресуди во негова корист, адвокатот на австралиските власти Кристофер Трен изјави дека министерот за имиграциска политика Алекс Хоук има дискреционо право да го депортира Ноле од земјта.

Но, судијата Кели го предупреди адвокатот да не користи закани и да не се обидуваат повторно да го затворат најдобриот тенисер на светот.

Кели ја докажа својата непристрасност и на судењето сакаше да се држи само до фактите.

Новак ќе има можност да го нападне 21-от гренд слем и да испише историја со што би станал апсолутен рекордер и по сите параметри најдобар тенисер на сите времиња.

извор: Nova.rs