Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни пет проценти – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/22 12:00 PM

Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни пет проценти

Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни пет проценти во декември 2021, пред се поради наглиот раст на цените на храната и енергијата, соопшти статистичката агенција на Европската унија (ЕУ) Евростат.

Ова е највисоката стапка на инфлација во 19 земји од еврозоната од почетокот на водење на евиденција во 1997 година.

Претходниот рекорд беше поставен во ноември, кога растот на малопродажните цени беше 4,9 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.

Зголемените цени им создаваат проблеми на креаторите на политиката на Европската централна банка кои ги одржуваат каматните стапки исклучително ниски со цел да ја стимулираат економијата која се опоравува од пандемијата на корона вирусот.

И покрај брзото ширење на инфекцијата со коронавирус омикрон и последиците за глобалната економија, централните банки надвор од ЕУ ги зголемуваат каматните стапки за да ја спречат зголемената инфлација или преземаат други чекори.

извор: rs.n1