Кој што спие
Нека стане
Нека меси колачиња
Ако нема колачиња
Нека даде паричиња
Ако нема паричиња
Нека даде оревчиња
Ако нема оревчиња
Нека даде јабучиња
Ако нема јабучиња
Нека даде се што има
Бадња Баба.
Подоцна во предвечерието на Божиќ, младите и повозрасните со духовити и инвентивни маски го продолжија ваквиот начин на празнување.
Тие маскирани во кловнови, филмски ликови но и во ликови од познати македонски политичари, уметници и спортисти, го прославуваат Бадник по дискотеките и кафулињата.
Ваквиот начин на празнување на дечињата потекнува од паганско време, а во последниве 40- тина години започнаа да се маскираат и помладите, но и повозрасните.
Младите се задоволни што овој маскенбал премина во традициија.
-Едвај чекам да дојде бадникарскиот маскенбал.Во Тетово нема многу настани на културен или пак на спортски план. Маскенбалот е еден од ретките настани каде младите имаат можност да се забавуваат. Би сакал и многу млади би се сложиле со мене овој маскенбал да би поорганзиран да им дефиле како што е во Вевчани или во Струмица. Но сето ова треба некој да го организира и да одвои средства. Засега Општина Тетово не покажува интерес за вакво нешто, рече еден жител на Тетово кој секоја година учествува на бадникарскиот маскенбал.
-Тетовскиот маскенбал е посебен белег за градот. И така тука не се случува ништо на културен план и овој маскенбал е добродојден за забава на сите тетовци, вели еден учесник на маскенбалот.
Зоран Андонов новинар со повеќе децениско искуство, вели дека традицијата на маскирање на дечињата е многу стара, а последниве неколку децении ја прифатиле помладите и повозрасните. Најпрвин оделе маскирани покрај бадникарските огнови во малото, каде со посна трпеза го чекале христовото рождество. Потоа тие започале маскирани да одат и по кафулињата и дискотеките и така таа традиција опстанува до ден денес.
Инаку синоќа во секое тетовско мало се палеше бадникарски оган и со посна трпеза се дочека хриството рождество.
Зоран Димовски