Паричката во семејството Мицкоски се падна кај повозрасниот син Јован – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/22 11:21 AM

Паричката во семејството Мицкоски се падна кај повозрасниот син Јован

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред соборниот храм „Климент Охридски“ на прашање на новинарите одговори дека оваа година паричката во нивното семејство се паднала кај повозрасниот син, Јован.

Оваа информација Мицкоски ја сподели и на неговиот официјален фејсбук профил при што напиша

„Кај дедо Иван и баба Елица, кај и да си за Бадник дома да си, Јован и Антониј кај баба и дедо за Бадник. Традиционално за Бадник кај моите родители, оваа година паричката кај Јован! Христос се роди!“, стои во објавата на Фејсбук.

Кај дедо Иван и баба Елица, кај и да си за Бадник дома да си, Јован и Антониј кај баба и дедо за Бадник. Традиционално за Бадник кај моите родители, оваа година паричката кај Јован! Христос се роди!

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, January 6, 2022

Тој од пред соборниот храм им го честиташе големиот христијански празник Божиќ и посака здравје, среќа и хармонија за сите граѓани.

„На сите христијани им го честитам Хистоворо раѓање, Божиќ исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашниот голем христијански празник Бадник. Да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија. Исто така и на останатите граѓани кои не се од христијанска вероисповед  да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија во нивните домови, бидејќи ќе ни треба, затоа што сите заедно сме појаки и само затоа што сите заедно можеме да ги победиме предизивиците во 2022 година“, посака лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Г.Д