Ѓоковиќ не е во заробеништво, може да си замине во секое време – Се огласија австралиските власти – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/22 9:51 AM

Ѓоковиќ не е во заробеништво, може да си замине во секое време – Се огласија австралиските власти

Австралиските власти објавија дека ги испитуваат визите на други странски тенисери, а министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека Новак Ѓоковиќ не е во заробеништво.

– Тој е слободен да си замине во секое време кога ќе одлучи, а граничните сили всушност ќе му олеснат – рече таа во интервју за „Канал 9“, пренесува Би-Би-Си.

Ендрјус рече дека има разузнавачки информации кои „покажуваат дека сега овде има поединци кои не ги исполнувале условите за влез и тоа мора да го истражиме“.

Според Ројтерс, Ендрјус потврдил дека австралиските гранични сили ги проценуваат ингеренциите на уште двајца тенисери кои влегле во земјата под истото ослободување дадено на Ѓоковиќ.

Веќе има најмалку тројца учесници на Австралија опен во Австралија кои имаат исто медицинско ослободување како Новак Ѓоковиќ, а тие ќе пристигнат следната недела, изјави неименуван извор за Ројтерс.

Истиот извор наведува дека и третиот учесник на Грен слем турнирот влегол во Австралија под истите услови поставени од Тениската асоцијација на Австралија и владата на државата Викторија.

Исто така, може да се доделат исклучоци за играчи или официјални лица кои допрва треба да пристигнат во Австралија, додаде изворот.

Според Би-Би-Си, првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ засега останува во имиграциски притвор во Мелбурн и се соочува со депортација откако во средата му беше забранет влез во земјата.

Тој покрена итна тужба во која ќе биде сослушан во понеделник, една недела пред почетокот на Австралија опен.

Преземено од: https://www.vesti-online.com/