Кога ќе пристигнат новогодишните и божиќни празници, парите некако се трошат повеќе отколку што би посакале. Не за џабе велат дека јануари е најдолгиот месец во годината затоа што на многумина платата на крајот од тој месец, односно на почетокот на февруари никогаш нема да им легне.
А, како да се преживее до плата и како да не упаднеме во длабок минус, зборува Душан Узелац, финансиски советник.
– Не е погрешно да се трошат пари, напротив. Тие служат со нив да купуваме живот. Она што во финансиите е проблем, тоа се непланираните трошоци. Ова доба на годината е време на дарување. Продавачите лесно ќе ви ги извлечат парите затоа што атмосферата е потрошувачка. Единствен начин да не зажалиме поради купувае е да не си дозволиме тоа да ни направи проблем подоцна – вели тој за порталот „Zadovolnja.rs“.
Тој открива како да се сочува домашниот буџет за време на празниците ш то би требало да ни бидат приоритетите.
– Најдобар начин е да ставите граници. Тешко е да се постават и да се одржат во трговски центар каде што целта е да се потрошат парите, а не да се заштедат. Затоа е добро да имате дефиниран буџет, план кој ќе се спроведе. Доволна е граница со одредена сума. Со време ќе бидете попрецизни и така планирањето ќе се совлада. Тогаш ќе управуваме со финансиите наместо тие да управуваат со нас – додаде тој.
Извор: Nova.rs