Олександар Дедјухин, најконтроверзниот украински поп објави овие денови пост на Фејсбук кој ги вознемири сите оние кои го следат на социјалните мрежи. Кога ќе ги прочитате првите зборови, ќе ви се пристори дека се работи за добронамерни совети, но продолжението ќе ве шокира.
Дедјухин, кој живее во Полтава, во централниот дел на Украина, објави селфи од гробишта, а во коментарот покрај сликата ги повика следбениците да се чуваат од острата зима.
„Чувајте се и водете сметка за себе затоа што не е ниту малку пријатно да се закопувам по вакво време“, напиша Дедјухин.
Неговиот пост е споделен најмалку 500 пати, а социјалната мрежа зовре од коментари.
„Срамота! Кој му даде мантија?“, „Тебе нема ни да те закопаат, засрами се“, „Свештено лице??? Не сум слушнала погрозни зборови“, коментираа луѓето.
Олександар е познат и по уште една шокатна изјава на темата несакана бременост. Според него, жените се криви за тоа.
„Знаете како велат старите, нема да пријде кучето додека кучката не мавне со опашката“, напиша во објава која многумина изнервира.
Извор: Mondo.rs
Фото: Facebook