Д-р Јадранка Бибан, која на социјалните мрежи е гласна против одредени, пред се медицински, состојби во државава, се огласи со уште еден статус, овој пат наменет за, како што пишува, „жртвувањето“ на медицинскиот персонал.
-Објавиле некои приватни болници дека заради зголемен број ковид болни ќе работеле амбулантите во две смени за да може сите пациенти да бидат згрижени и тоа е претставено малку како “жртвување” на медицинскиот персонал. Цело време од почеток на оваа пандемска приказна читам написи со “пожртвуван” медицински персонал, не само од приватните туку и од јавните здравствени установи, кој ете себеси се става во крајно опасна и напорна работа само заради неговата хумана определба како медицинар. И јас сум доктор, ама немојте мене приказни за мали деца!! Сите работат за плата, ако нема плата никој никого нема да прегледа и тоа е непобитен факт! Приватните болници пак, молат бога за повеќе пациенти па ако треба деноноќието од 24 ќе го направат 50 саати и ќе работат “вредно” во 5 смени! Од хуманост?? Не од хуманост, туку заради профит!
Па какво е ова медицинско лицемерие? На овој свет хуманост нема! Овде каде парата е мерка за живот не барајте човечност! Ама кога е тоа реалноста, нема потреба од глума!
Не можам да поднесам кога ќе видам напис од типот донирајте пари да спасиме нечиј живот! Па ако има лек за некој човек зарем нема да му се даде без пари за да го спаси својот човечкиот живот!
А и вие господа хумани лекари што работите по државни клиники и за тие работни места се испотепавте, за да бидите “врвни и почитувани” доктори и професори, не изигравајте жртви!
Мене лично ми баравте пари за мои блиски луѓе за да се изманифестира и откочи вашата “хуманост”, напиша мегу другото таа.