(Видео) Бјелогрлиќ лаже, љубовта меѓу Тома и Силвана е измислена, изјавила Лепа Луќиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/22 9:07 AM

(Видео) Бјелогрлиќ лаже, љубовта меѓу Тома и Силвана е измислена, изјавила Лепа Луќиќ

По филмот „Тома“ pорталот Република.рс стапи во контакт со Лепа Лукиќ, која nа прашањето за љубовта меѓу Силвана и Тома, открила дали Здравковиќ некогаш и се доверил за тајните што го болеле.

– Љубовта е измислена! Ние не знаевме за таа љубов, а само Бјелогрлиќ знаел за тоа? Не беа во љубов. Тома ми понуди песна, сакав да ја земам, но Силвана доби покана за во серија да ја отпее и му рече на Тома да и ја даде, затоа што би било добро за неа. Тој и ја дал и подоцна со таа песна стана Силвана Арменулиќ. А за љубов меѓу нив, тоа не е точно! Тоа би го знаеле ние на естрадата, но  тоа никој не го знае. Па како тогаш е љубов, а ние тоа не сме го знаеле, а заедно патувавме, рекла Лепа и додала:

– Не знам што зборувале Гордана и Бјелогрлиќ, но не е важно, филм е, може да се додаде. Само ако знаеле Тома и Гордана, а ние на естрадата не сме го знаеле тоа, па го ставиле во филмот, затоа што така треба. Мојата песна  „Виолина“ ја немаше во времето кога Тома беше жив. Бјелогрлиќ е свесен дека песната тогаш не беше, но ми кажа дека ја сакал мојата песна и затоа ја ставил, рекла таа.
На прашањето дали Тома некогаш и се доверил за тајни, како и дали навистина бил швалер како што беше претставен во филмот таа кажала:

-Никогаш не сме разговарале за тоа, знаевме да седиме и да се забавуваме, Калезиќ, тој и јас, да одиграме реми, тројцата седиме во градината, играме, се забавуваме, пееме, а потоа одиме да пливаме. се сончаме, знаевме се живо еден за друг, но никогаш не ни спомнал. Сакаше жени, кога му се допаѓа жена се заљубува и прави песна. Беше заљубен во Данко, никогаш немаа ништо, но тој беше заљубен и напиша песна, пееше само тажни песни и онаа, „Го допрев дното на животот“ ја направи, бидејќи беше свесен дека е болен, изјавила таа за српскиот портал Република.