Драстично зголемен бројот на ковид случаи, за 24 часа пријавени нови 1.197 позитивни – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/22 2:57 PM

Драстично зголемен бројот на ковид случаи, за 24 часа пријавени нови 1.197 позитивни

Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.483 тестирања, а се регистрирани 1.197 нови случаи со ковид-19. Од нив, од Скопје се 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.
Починале 12 лица, три се од Скопје (55г, 82г и 88г) и три има од Битола (60г, 69г и 90г), две се од Охрид (68г и 79г) и по едно од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Сите се починати во болнички услови.
Од 331 оздравен пациент, од Скопје се 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се три лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените, две се починати во болнички, а едно во домашни услови. Тие се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид-19, вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а на активни случаи изнесува 5.667.