Кристина Џикстин Ли (21) од Малезија, која живее и студира во Австралија, примила на сметка 4,3 милиони евра од банката која направила техничка грешка и и ги префрлила парите. Вработените во оваа банка цела година не ја забележале грешката.
Наместо да ја извести банката за тоа што се случило, таа решила да ги задржи парите и да ги потроши. Прво изнајмила луксузен пентхаус во елитен дел на Сиднеј. Потоа си купила скапа облека од познати дизајнери и најскапи чанти, без да зажали ниту еден момент што парите реално не биле нејзини.Студентката за помалку од една година потрошила неверојатни 3,1 милиони евра. Нејзиното момче Висент Кинг рекол дека немал поим дека излегува со милионерка. Очигледно, таа не видела потреба да ја дели добивката со него. Меѓутоа, набрзо и била потребна неговата помош, кога банката ја открила оваа грешка.
Имено, таа завршила во затвор, па решила да го повика дечкото да и плати кауција. Младиот човек бил многу изненаден и одбил да и помогне. Најпрво мислел дека родителите и даваат пари за да купува луксузни предмети, но кога дознал за што се работи, одбил да и помогне. Судијата и банката гледаат на овој необичен инцидент како на заем што девојката мора да го врати.
Поради се што се случило, Кристина мора да се јавува во полиција два пати на ден, а пасошот и е одземен. За среќа, нејзините родители решиле да и помогнат да го врати милионскиот долг. Таа призна дека на родителите не им се допаднало тоа што толку долго молчела за се, но дека сепак тие ќе и помогнат да го реши проблемот.
извор: Alo.rs