Познат политичар шмркал кокаин од задникот на старлета – Новогодишен скандал на функционер откриле српските разузнавачки служби – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/22 12:26 PM

Познат политичар шмркал кокаин од задникот на старлета – Новогодишен скандал на функционер откриле српските разузнавачки служби

Познат српски политичар, кому не му го откриваат името,  три дена оргијал на Копаоник со две старлети и потрошил 10.000 евра на нив и кокаин, пишуваат српските медиуми.

Скандалот стасал до српските разузнавачки служби кога проститутките им се пофалиле на своите другарки, рекле дека политичарот изнајмил еден од најскапите  апартмани. Станувало збор за две дами кои опслужувале исклучиво добро ситуирана клиентела од високото општество. Скап им бил и „основниот пакет“ сексуални услуги, а исполнувањето на посебните желби дебело го наплаќале. Кога одат во пар, тогаш се е уште поскапо, но за овој муштерија очигледно парите не се проблем, пренесуваат српскиите медиуми.

Поллитичарот два дена пред дочекот пристигнал на Копаоник, каде што го чекал веќе резервираниот апартман,  далеку од љубопитните погледи. Објектот во кој е опремен со најсовремени безбедносни системи и мрежа на надзорни камери и се издава само на проверени клиенти, така што обичните смртници немаат пристап до него, пишува српски Телеграф и додава:
– Двете девојки веќе го чекаа за да не ги видат ако дојдат заедно. Веднаш штом пристигнал го нарачал најскапиот шампањ, а во текот на целиот престој доверливиот персонал доставувал од пиле млеко во нивниот апартман. А внатре се одвивале моменти достојни за најперверзните порно филмови, со кокаинот, кој одамна е незаменлив дел од ваквите настани, пренесува курир.рс.

Функционерот шмркал дрога од задникот на старлетата, а сето тоа било зачинето со бизарни секс игри.

Она што е најинтересно е дека се работи за човек кој во јавноста се претставувал како крајно љубезен и воздржан, а за кого досега не е поврзана ни најмала афера. Меѓутоа, оние кои подобро го познаваат велат дека сето тоа е само маска и дека се работи за личност на која ниту еден порок не и е туѓ, што сега и дефинитивно е потврдено, пишува српски Телеграф.
Елитните проститутки се омилено друштво не само на српските политичари туку и на оние од регионот. Како што веќе пишуваа медиумите, не жалат за парите, па еден функционер од регионов испратил и приватен авион во Белград за да земе позната ескорт дама која заработувала и по 2.000 евра од ноќ.

Бидејќи проституцијата нема граници, политичарите си препорачуваат докажани „кадри“, а високата цена на услугата, покрај згодното тело и сексуалниот талент, вклучува и посебни желби и фантазии на клиентот. И покрај тоа што полицијата и разузнавачките служби имаат информации дури и за шпионските активности на овие дами, тоа е тешко да се докаже и најчесто останува на приказни наместо на суд.

Извор и фото: kurir.rs