Кејн Танака го прослави 119 роденден и влезе во Гинис како најстара личност во светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/22 9:56 AM

Кејн Танака го прослави 119 роденден и влезе во Гинис како најстара личност во светот

Најстарата личност на светот, јапонката Кејн Танака,  го прослави својот 119-ти роденден, објавувајќи дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година, пишува британски Гардијан.

Кејн Танака, која сака газирани пијалоци и чоколадо, го одбележа големиот ден во неделата со вработените во домот за стари лица, каде што живее, во областа Фукуока во југозападна Јапонија.

Гинисовата книга на рекорди ја призна возраста на Танака во март 2019 година, кога таа имаше 116 години. Таа го постави јапонскиот рекорд на возраст на сите времиња, кога имаше 117 години и 261 ден во септември 2020 година.

Родена е во 1903 година – кога браќата Рајт го направија својот прв моторизиран лет и кога е одржан првиот Тур де Франс. Танака преживеа пет јапонски царски владења и се надева дека ќе го доживее својот 120-ти роденден.

Таа е родена шест месеци пред Џорџ Орвел, е една од се поголемиот број на јапонски стогодишници.

Според проценката во септември годинава, пред одбележувањето на Денотот на почит кон старите лица, јапонското Министерство за здравство соопшти дека рекордни 86.510 луѓе биле на возраст од 100 или повеќе години, што е зголемување за 6.060 во однос на претходната година.

Жените сочинуваат огромното мнозинство на стогодишници во Јапонија, а мажите над 100 години ги има нешто повеќе од 10.000, соопшти Министерството.

Кога за прв пат беше спроведено ова истржување во 1963 година, Јапонија имаше само 153 стогодишници, но бројот се искачи на над 10.000 до 1998 година.

Очекуваното траење на животот во Јапонија, едно од најбрзо старечките општества во светот, исто така е на рекордно високо ниво, 87,74 години за жените и 81,64 за мажите. Бројот на младите се намалува и неуспешни се обидите да се подигне нискиот наталитет во земјата.

Извор и фото : n1info