Музичката ѕведа Мајли Сајрус доживеа непријатност за време на новогодишниот специјал емитуван на мрежата Ен-Би-Си откако и падна горниот дел од облеката за време на настапот, но успеа да се снајде и брзо да се пресоблече без да го прекине пеењето.
Незгодната ситуација се случи откако го изведе својот хит „Не можеме да запреме“ и прејде на втората популарна песна „Забава во САД“.
Додека самоуверено играше во сребрена гардероба во еден момент Мајли се фати за корсетот кој почна да паѓа пред да тргне зад сцената додека нејзиниот бенд продолжи да свири.
После првиот рефрен на песната „Ангели како тебе“, се врати на сцената во црвено сако кое го носеше на почетокот на концертот.
– Сега дефинитивно сите ме гледаат. Се уште имам повеќе облека отколку што сум носела на сцената – се пошегува Мајли помеѓу песните.
Miley Cyrus began 2022 with a wardrobe malfunction. #MileysNewYearsEveParty pic.twitter.com/D3BF4JNA0X
— Dave Quinn (@NineDaves) January 1, 2022
Извор: Nova.rs
Фото: Twitter