(Видео) „Јас немам веќе причина да сакам“: Ана Бекута запеа за првпат после погребот на Мрка – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/21 3:30 PM

(Видео) „Јас немам веќе причина да сакам“: Ана Бекута запеа за првпат после погребот на Мрка

Пејачката Ана Бекута неодамна го загуби емотивниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка, а сега за првпат запеа после неговата смрт.

Таа после погребот соопши дека нема да пее и дека се повлекува од јавноста, но потоа донесе одлука да настапи за Нова година и да и се врати на музиката која на некој начин и ја лечи душата.

На прес-конференцијата по повод новогодишниот настап, Ана за првпат пушти глас и ја запеа потресната песна „Полноќ“.

– Ја немам веќе, немам веќе причини да сакам, јас немам никого да му кажам како да преболи, запеа Ана и потоа додаде:

– Да ми каже како да преболам. Но, ќе ги преболиме сигурно сите свои стравови и рани вечерта на 31 декември – истакна музичката ѕвезда со насмевка, но на лицето и понатаму може да се види тагата по својата љубов.

Извор: Mondo