Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) користела деца без родители во психолошки експерименти спроведени во Данска во 1960-тите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Радиодифузерот „Danish Radio“ подготви документарниот филм под наслов „The search for myself“ во кој наведува дека ЦИА спровела психолошки експерименти врз стотици дански сирачиња.
Во документарецот се нагласува дека ЦИА користела 311 дански сираци во експерименти кои започнале во раните 1960-ти за да ја истражи врската помеѓу наследноста и околината во случаи на шизофренија.
Според тврдењата, експериментите врз деца кои биле посвоени или живееле во блиските сиропиталишта се извршени во подрумот на градската болница во Копенхаген, главниот град на Данска.
Измамени со ветувањето дека „ќе се случат убави работи“
Режисерот Пер Веник, истакнувајќи дека како дете учествувал во експериментот, рече дека бил натеран да седне на стол, по што му биле прикличени електроди на рацете, нозете, околу срцето и притоа морал да слуша звуци со висок тон.
Нагласувајќи дека експериментите биле вршени за да се открие дали децата имаат психопатски особини, Веник рече дека пред да биде однесен во болница, бил измамен со зборовите „ќе се случат убави работи“.
„Беше многу вознемирувачко, и тоа не е само моја приказна, тоа е приказната на многу деца“, додаде Веник.
извор-Агенција Анадолија