Ако на дочекот на Нова година сте претерале со алкохолот и утредента не ви е до ништо, ве боли глава и ви е лошо, постојат неколку проверени традиционални намирници кои можат да помогнат во ублажување на симптомите на мамурлак. По лудата и непроспиена ноќ, она што им е потребно на сите, тоа се јаглехидрати, сол, доволно течности и витамини. Еве неколку предлози како полесно да го поминете наредниот ден.
Вода
Пијте многу вода. Водата ќе ви помогне да ја вратите течноста по дехидрација од алкохолот и ќе го исчисти вашето тело од токсини. Не пијте неколку чаши нагло, туку пијте голтка по голтка.
Аспирин
Една до две таблети аспирин ќе направи чуда против главоболката, но и воспалението на мускулите, доколку на дочекот сте танцувале до истоштеност.
Двопек
Важно е да изедете нешто. Со оглед на тоа што вашиот стомак, уморен од синоќешната гозба и алкохолот, тешко ќе прифати нова рунда мрсни задоволства, се препорачува да започнете со мали залаци тост.
Сок од домати
Сокот од домати, сол, бибер, сос ворчестер, табаско и целер, но овој пат без вотка, ќе ви помогнат да закрепнете. Сокот од домати содржи ликопен, кој ги штити клетките.
Пилешка супа со тестенини
Вкусната пилешка супа ќе ви помогне да ги вратите сите потребни витамини, а притоа ќе ве загрее и развесели. Само се надеваме дека имате некој да ја подготви за вас.
Расолница
Стариот добар српски рецепт за прочистување на организмот е да се испие шолја до две солена расолница од кисела зелка. Ако не ви се допаѓа мирисот, сиснете го носот и само голтајте.
Овошје
Се надеваме дека во домот имате јаболка, банани или портокали, бидејќи е важно да изедете едно од овие овошја што ќе ве освежи и ќе ви даде сила да го продолжите денот.
Лосос
Оваа риба е богата со омега масни киселини кои ќе ве зајакне и даде сила да продолжите да го продолжите и следниот ден.
извор: espreso.co.rs