Демонстранти ја запалија зградата на поранешниот австралиски парламент (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/21 9:43 AM

Демонстранти ја запалија зградата на поранешниот австралиски парламент (ВИДЕО)

Подметнат пожар денеска ја оштети влезната врата на Стариот парламент во Канбера, позната како Привремена парламентарна куќа, која беше седиште на австралискиот парламент од 1927 до 1988 година.

Иако не е сосема јасно кој го подметнал пожарот, сигурно е дека мала група демонстранти се собрала пред зградата, а еден очевидец за радиото „3AW“ во Мелбурн изјавил дека слушнал демонстранти како викале „нека изгори“, пренесе АП.

Пред таа зграда со денови се протестира за правата на Абориџините, австралиското домородно население.

На социјалните мрежи може да се забележи како огнот ја „голта“ вратата, како и густиот облик на чад кој лебди над зградата, додека полицијата ги брка демонстрантите собрани пред скалите.

Вицепремиерот Барнаби Џојс вели дека „апсолутен срам“ е што пожарот бил намерно подметнат.

„ Овој парламент одамна е симбол на демократијата, таму се носеа одлуки кои ја формираа нашата нација – рече тој.

извор-blic.rs