Ја лечеле од хелико бактерија, додека ракот ја јадел“ – Откриена вистинската причина за смртта на пејачката Мерима Његомир – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/21 8:00 PM

Ја лечеле од хелико бактерија, додека ракот ја јадел“ – Откриена вистинската причина за смртта на пејачката Мерима Његомир

На пејачката Мерима Његомир денес и беа одбележи 40 дена од нејзината смрт.

На Новите гробишта се собрале најблиските, а како што откри извор на српски Курир, Мерима не умрела од рак, како што се пишуваше, туку од сепса.

– Пет месеци и била лечена погрешна дијагноза. Ја лечеле од хеликобактер пилори, која ја немала додека ја јадел ракот. Таа самоиницијативно на 30 август отишла на лекар каде и бил дијагностициран рак. Почина од сепса, два дена не добиваше антибиотици бидејќи чекаа антибиограм – изјави денеска извор близок до семејството за курир.рс.