„Цела Македонија оди во Паланка да се слика“ – Паланчани горди што градот им е најубаво накитен за Нова Година – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/21 1:17 PM

„Цела Македонија оди во Паланка да се слика“ – Паланчани горди што градот им е најубаво накитен за Нова Година

Крива Паланка е најубаво украсениот град во Македонија. После долги години паланчани им го земаа приматот на скопјани, кои се фалеа со својот најубаво накитен град.

До лани скоро цела Македонија за новогодишните празници доаѓаше во Скопје за да се слика со убаво украсена елка и Дедо Мраз, а сега паланчани не го кријат задоволството што секојдневно, кој на поминување, кој намерно, луѓе од различни градови доаѓаат во нивниот град за да направат новогодишни слики за спомен.

-Најубав ни е градот. Сите ни љубоморат, а од цела Македонија доаѓаат да се сликат до елка. Одамна Паланка не била толку убава за Нова Година, не го кријат задоволството паланчани, кои цела недела секоја вечер уживаат во концерти на различни музички ѕвезди.

ММС го контактираше градоначалникот Сашко Митовски, кој додека не беше градоначалник неговите угостителски објекти ги украсуваше како од бајките.

-Китењето не чинеше 400 000 денари. Граѓаните се среќни, а јас уште посреќен. Ми е драго и што секој ден гледам луѓе од други градови, кои доаѓаат да се сликаат на нашиот плошад. Искрено, навистина сум среќен кога луѓето ме среќаваат и ми велат дека атмосферата и амбиентот се толку убави како да не е Паланка.

Презадоволни среќни се луѓето, а мене тоа ми е најважно. Поради пандемијата што ја ѓивееме се слушаат само лоши вести, и зман дека на сите нас нитреба малку, трошка среќа, вели градоначалникот Митовски.

Освен најубаво накитен град Крива Паланка од понеделникотвеќе ги живее веселите предновогодишни денови. Секоја вечер има шурки и концерти на отворено, наменети за сите возрасти.

-Да, цела недела има забави. Дел од пејачите се платени од спонзорство, а најверојатно исто така ќе бидат платени и останатите. Не од општинската каса, вели Митовски, кој вети дека за наредната година планот е градот да биде уште поубаво накитен, но со свои украси.

-Градот сам ќе си купи, за да имаме за секоја наредна година, додаде тој.