Срби се иселуваат од Австралија откако одбиле да се вакцинираат – објавуваат српски медиуми – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 10:27 AM

Срби се иселуваат од Австралија откако одбиле да се вакцинираат – објавуваат српски медиуми

Српски медиуми реобјавуваат приказна на „Телевизијата на српската дијаспора“ за семејство, кое решило да се врати дома од Австралија. Ова семејство тврди дека се’ повеќе Срби се пакуваат и го напуштаат удобниот живот, откако вакцинацијата против Ковид – 19, иако не е задолжителна, станала услов за работа, школување, за живот.

„Кој си ги спакувал работите во два куфери и се преселил во друга земја, знае колку е сложена и тешка таа одлука“, пишува „Вести-онлајн“. Сега, замислете како е кога ќе го обновите целиот свој живот во таа нова земја, па мора повторно да се вратите во Србија. Со ова деновиве се соочуваат бројни иселеници, особено оние во Австралија, а причината е, во најмала рака, проблематична.

– Решивме да се вратиме во моментот кога вакцината стана задолжителна за живеење и престој во Австралија. Мојот сопруг живее тука 25 години, а јас 15 години. Имаме три деца, еден убав и нормален живот, но поради сите овие задолженија моравме да донесеме одлука да се вратиме во татковината – вели Љиљана Пушкар, наставничка во српското училиште „Вук Стефановиќ Караџиќ“ која веќе се прости од децата со кои работеше во Австралија.

Според неа, нејзината работа е условена од вакцина, која не е задолжителна на хартија во Австралија, но е предуслов за нормално функционирање.

– Работата ни е условена бидејќи како невакцинирани не можевме да одиме на работа. Сите вработени мораа да бидат вакцинирани. Мојот сопруг е поморски инженер, не можеше да патува, не можев да завршам се’ што ми требаше за да ја добијам последната диплома, што е уште 70 часа пракса. Почнаа и да ги условуваат децата во училиштата. Мојот син оди во средно училиште и пред еден месец професорот го малтретираше постојано прашувајќи го кога ќе се вакцинира, додека не му испративме писмо и ставивме до знаење дека нема да прими вакцина, додава таа.

Лиљана вели дека не верува во сигурноста на вакцината бидејќи, според неа,  „се уште е во експериментална фаза“.

На новинарско прашање што ќе направат доколку ги пречека нешто слично во Србија, односно одлуката дека вакцината ќе се бара да заврши некоја работа или како што е моментално одлуката дека без потврда за вакцинација после 20 часот не може да  се влезе во ресторани, таа вели дека се подготвени и за тоа.

– Можно е тоа да се случи, но мислам дека ќе ни биде полесно да се бориме меѓу нашиот народ.

Српските медиуми споделуваат непроверени информации, според кои, околу 38.900 луѓе од Сиднеј и 32.000 од Мелбурн се иселиле од двата најголеми австралиски града во текот на оваа година.

Во Америка е забележано дека околу 33.500 луѓе се преселиле само од Њујорк на Флорида, каде мерките против корона вирусот се многу порелаксирани. Тоа е зголемување за 32 отсто во однос на лани.

 

Vesti-online