Јас сум оптимист дека новата влада ќе ја избереме од средината на јануари до 18-ти јануари, најави на вечерашната прес конференција новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој да доби довербата со сопартијците да состави нова влада.
-Прва задача на новото раководство е да состави нова влада. Пред новата влада стојат предизвици за менаџирање на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на интеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија. Јас верувам дека можеме да ги надминеме сите овие предизвици со стабилна влада, која има мандат до 2024 година, изјави Ковачевски.
Тој кажа дека во тек е усогласување на програмата со како што рече, најдобрите проекти на СДСМ и коалициските партнери.