Стојанче Ангелов изврши увид на снегот кон село Галичник, ЦУК очекува да се исчисти денес – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 4:21 PM

Стојанче Ангелов изврши увид на снегот кон село Галичник, ЦУК очекува да се исчисти денес

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по пријава во ЦУК од постојани жители и претседателот на месната заедница на Галичник, изврши увид на состојбата со снег на завениот пат на потегот од Маврови Анови кон Галичник.

– Регионалниот пат Маврово – Галичник кој не е прооден. Во селото има тројца жители и има угостителски објекти кои очекуваат многу гости за претстојните празници. Овој патен правец не е важен само за Галичник. Покрај овој правец поминува и стратешки далновод од 110 киловати. Дефект на овој далновод би значела дека половина Западна Македонија да биде без струја. Ако се фати редот и ако постојано се одржува патниот правец прооден и ако постојано се фрла песок нема да дојдеме во ситуација да ангажираме тешка механизација. Треба да се чисти првиот слој на снегот за да не замрзне – истакна претседателот на Месната заедница Галичники, Александар Костиќ.

Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се

– По пријава на жителите дојдовме да извршиме увид на патот кој од последните врнежи на снег и до ден денес не е исчистен. Контактирани се надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Денес очекуваме овој пат да биде исчистен  за да можат граѓаните непречено да отидат до селото – рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој ги повикува граѓаните во села и населби, каде што во зимниот период патиштата се во поголем дел непроодни и  завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195.

О.К.

фото: ЦУК