Стручен надзор од Лекарска комора за родилката во Тетово, најави Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 12:11 PM

Стручен надзор од Лекарска комора за родилката во Тетово, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека прво треба да се направи анализа за случајот во кој родилка од Тетово со некроза на матка заврши во Скопје, да се изврши увид и стручен надзор, а се што ќе добијат како документ, како што најави, ќе биде соопштено јавно.

– За секој еден од случаите, каде било, дали се работи за болница во Тетово или ширум државата, апсолутно сме биле и до сега, а верувам така и ќе продолжи, транспарентни за било што да се испита. За секој случај за кој ќе стигне пријава или забелешка се оди по патот кој што е вообичаен, а тоа е прво да се направи надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тоа е процес во кој се анализираат документите, дали се запазува административната процедура и потоа врз основа на тоа се утврдува употреба на стручен надзор, кој го извршува Лекарската комора или Министерството за здравство, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање, по посета на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

Тој напомена дека се што ќе стигне како документ ќе објават јавно. Филипче додаде дека експертите се независни и обично доаѓаат од други институции, не од институција каде што има ваков случај, и додаде дека верува во експертизата на кој било од колегите.

МИА