(Видео) Новогодишна елка на дното на Охридско езеро за децата со ретки болести – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 9:54 AM

(Видео) Новогодишна елка на дното на Охридско езеро за децата со ретки болести

На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид” ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.

Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.

– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.

извор: Ретки болести Охрид